Утре пообилни врнежи од снег и засилен ветер

Скопје, 9 март (МИА) - Утре под влијание на циклонска активност во Медитеранот и изразено јужно струење времето ќе биде облачно со пообилни врнежи, претежно од снег.

Во некои пониски места, особено во јужните делови врнежите повремено ќе бидат од дожд. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 90 километри на час.

До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а само снег на повисоките места и планините.

Извор:  МИА
Објавена на 09.03.2010 15:41:20