Како кармата е поврзана со извинувањето на Тајгер Вудс

Нов филм наречен „Karma: The New Revolution“, ќе го објасни влијанието на кармата во неодамнешното извинување на најпознатиот голфер, Тајгер Вудс.

Според информациите, филмот кој ќе излезе на 15 март, меѓу другото ќе ја објасни улогата на кармата во смртта на иконата на поп музиката, Мајкл Џексон. Karma: The New Revolution“ ќе се осврне на влијанието на кармата во секојдневниот живот на луѓето.

Сниман на повеќе локации, овој филм ќе ги претстави грешките кои можат да го сменат светот.

Индо-американскиот портпарол, Рајаз Зед изјави дека кармата станала многу популарна во Холивуд и во останатата забавна индустрија. Во 2009 година имало четири филмови и една серија наречени „Karma“. Дека кармата е атрактивна во САД говори и твитер страницата на Линдзи Лохан, на која актерката напиша: I’m all about Karma…what goes around comes around.

Кармата е збор од индиската филозофска и религиска традција, која го означува секој чин кој без исклучок почнува одредени причинско-последични сили, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот, има универзално значење на збир од дела (агрегат) кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.03.2010 15:56:11