Џо Кол летово си оди од Челзи
Повремениот англиски репрезентативец Џо Кол во текот на летниот преоден рок, најверојатно, ќе го напушти Челзи, а неговото место ќе го заземе Американецот Лендон Донован. Англиските медиуми објавија информација дека Роман Абрамович има намера да се ослободи од напаѓачот поради неговите нереално високи барања за нов договор, а можно е кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.
Кол дојде во Челзи во 2003 година од градскиот ривал Вест Хем за отштета од 14 милиони евра и има договор со "сините" од Стемфорд Бриџ до крајот на оваа сезона. Минатата недела тој го изнервира Абрамович со барањето да потпише нов договор за неделната плата од над 100 илјади фунти иако сезонава има премногу мала минутажа, плус повреди и мал придонес во играта на тимот.
Неговото заминување Карло Анчелоти ќе го пополни со Лендон Донован, кој во моментов игра како позајмен фудбалер во Евертон, но всушност е сопственост на Лос Анџелес Галакси. Интересно е тоа што двата клуба имаат сериозни намери со него, па на Челзи ќе му биде исклучително тешко да го донесе на Стемфорд Бриџ.
Извор: Македонски спорт
Објавена на 09.03.2010 09:17:57